ВМРО-ДПМНЕ: Евидентна е паниката и стравот од пораз во СДС

Нервозата поради поразот ја покриваат со наместени анкети, и вршат масовни злоупотреби на државните ресурси во изборната трка. Тоа значи дека се нелагодни и знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните.
Спротивно на закон министрите наместо на работа за што се платени од граѓаните и земаат плата, тие се во партиските штабови на СДС.
Наместо со сопствени возила тие користат државни ресурси.
Дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници.
Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори. Секој ден паниката е се поголема во редовите на СДС затоа се ближи поразот од граѓаните.
Останаа уште неколку дена до моментот кога граѓаните со пенкало во рака ќе се изборат за Новата ера во Македонија.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
