ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја претвори Македонија во гробница, за ова ќе одговара
Секое деноноќие Македонија брои по неколку десеттина починати.
Вкупната бројка на починати е речиси 4.600 граѓани.
За разлика од скоро двамилионска Македонија која брои по неколку десеттина починати за 24 часа, шеесетмилионска Велика Британија за едно деноноќие има едноцифрена бројка на починати, Израел со осум милиони жители исто бележи едноцифрена бројка на починати.
Македонија има вакцинирано само околу еден процент од населението.
По број на вакцинирани убедливо водат Сејшелите со повеќе од 60 проценти вакцинирано население. Околу 60 проценти од населението вакцинирано е и во Израел.
Доколку Филипче наместо провизии, трчаше по вакцини немаше да бидеме црна дупка во светот!
Филипче ја претвори Македонија во гробница!
Затоа, Филипче оставка веднаш!
Филипче ќе одговара за сето зло што им го нанесе на граѓаните!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
