ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уби повеќе од 7 илјади граѓани, избриша два града колку Македонски Брод

Бројот на починати од корона во Македонија ја надмина бројката 7 илјади. Поточно последната статистика на Министерството за здравство вели дека починати се 7.019 лица.
На светската мапа на починати Македонија се искачи на високо трето место по смртност. Или има 3.366 починати на милион жители. Пред Македонија се Перу и Босна и Херцеговина.
На мапата на смртност во Европа, Македонија е втора.
Бројката на починати од корона во Македонија е 7.019 или тоа е повеќе од бројот на жители на 10 градови. Колку за илустрација Демир Хисар има 2.593 жители, Демир Капија има 3.275, Пехчево има 3.237, Македонски Брод има 3.740, во оваа група се и Валандово, Македонска Каменица, Крушево, Богданци , Кратово.
И после сето ова Министерството за здравство се уште го води Венко Филипче, кој очигледно сака повеќе да глуми политичар, отколку да работи за тоа што е платен од граѓаните.
Филипче уби повеќе од 7 илјади граѓани!
Филипче уби два помали града од Македонија!
Филипче со својата неспособност од мапата на Македонија избриша два града колку Македонски Брод!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
