ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, а власта ќе се луксузира и патува со авионски билети
Неспособноста на власта во енергетиката ја доведе државата во целосен енергетски колапс.
Заради незнаењето и секојдневните криминални тендери во РЕК Битола, денес купуваме 5 пати повисока цена од тоа што, ако власта беше способна, ќе можевме да го произведеме во домашните капацитети.
Повеќе од 9 милиони евра државата плати за увезување на струја за само неколку дена, а секојдневно стасуваат и опомени од европскиот енергетски систем заради тоа што државата „краде“ од меѓународниот систем.
Ама затоа во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е целосно неспремно, а хидро акумулации и да нема во државата.
Единствен успех на оваа криминална власт во енергетиката е тоа што успеа компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО да ги направат загубари, бидејќи поважни беа тендерите за фамилијата Заеви, секојдневните партиски вработувања во овие компании, како и расфрлувањето пари за службени патувања.
Додека Македонија е во енергетска криза и прогласена вондредна состојба во енергетиката, изминативе неколку месеци раководството на АД МЕПСО троши над 125 илјади евра народни пари за патувања. За граѓаните повисоки сметки, за власта патувања по светот.
За сето ова неодговорно работење на власта, цената ќе ја плаќаат граѓаните со повисоки сметки за струја, што неминовно следи.
За овој хаос во кој ја внесоа државата мора да има одговорност. Зоран Заев, Васко Ковачевски и целата криминална власт ќе одговараат.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз