ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови победи
СДСМ и Зоран Заев секојдневно ја растураат Република Македонија.
Криминалниот картел се однесува со државата како приватна сопственост.
Заев со неговите штетни и расипнички политики си поигрува со судбината на државата и граѓаните.
Додека граѓаните живеат во беда и сиромаштија, бизнисите на криминалниот картел цветаат. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите на граѓаните се далеку од ветените 500 евра. Нема ништо од ветените 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и многу други проекти.
Заев избега од предвремените парламентарни избори бидејќи знае дека убедливо ќе ги изгуби, бидејќи граѓаните за две години видоа само криминалот, корупција, милионските тендери поделени во четири очи, непотизам, насилство, уцена, заплашувања и притисок.
На државата и се случува катастрофа во режија на СДСМ и Заев. СДСМ и Заев ги распродаваат националните и државни интереси на Република Македонија, девалвирајќи го правото и правната држава.
Заев лажно се залага за едно општество за сите, правејќи нови поделби кои ќе имаат трајни последици и ќе доведат до нови конфликти во општеството.
Заев мора да си замине час поскоро.
Република Македонија нема повеќе време за губење. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат да живеат во исправена држава, со достоинство и почит, а тоа е можно само со честит и праведен кандидат за претседател кој ќе ја почитува волјата на граѓаните, законите и Уставот.
Граѓаните на Република Македонија заслужуваат претседател, човек кој ќе успее да ја води државата кон нови победи, бидејќи тие заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп