ВМРО-ДПМНЕ: Излегуваат на површина монструозните судски нарачки на Заев

Стручни вештаци потврдија дека случајот 27-ми април е граден врз основа на лажен исказ. Овој случај од СДСМ и Зоран Заев е брутално злоупотребен за индивидуален и политички атак врз ВМРО-ДПМНЕ.
Полека но сигурно излегува на површина монструозното злосторство и судските нарачки на Зоран Заев за овој случај. Луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој според стручните вештаци дал лажен исказ. Од друга страна Заев ги награди тие кои што ја водеа оваа хајка. Денес Вилма Русковска е главен обвинител која останува слепа на бројни криминални скандали, додека судијката Добрила Кацарска е нов Уставен Судија.
Ако се има во предвид дека досега е познато дека Заев лично како премиер праќал пораки до неговиот советник и белосветски мешетар Басановиќ кому му ја исполнува желбата обвинетата во Меѓународниот сојуз Мандиќ да не и биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има во предвид дека Заев јавно на аудио снимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од обвинителството, па потоа му се случи Рекет каде е вмешан целиот државен врв, и каде главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност стои зад конструкциите поврзани со случајот 27-ми април.
Зоран Заев е директно одговорен што после 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин. После 4 години тој се откажа од неговиот ветинг, затоа што истите Сваровски и трас-трас судии станаа најверните слуги на Заев.
Заев е извор на проблемите и тој мора да оди.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
