ВМРО-ДПМНЕ: Јанева настапува со политички конструкции
Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ.
Ова го порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство.
- Денешниот политички настап на Јанева е најдобра потврда дека СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации, се нагласува во реакцијата.
Сосема е очекувано, се додава, дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да нуди деструкција, манипулации и продуцирање на кризи, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое продолжува со одговорно и отчетно работење.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата