ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија Бојан Стојаноски.
– Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството, рече Стојаноски, кој воедно е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ставен овој предлог-закон.
Тој посочи дека јавноста и студентите мора да знаат дека овие нивни предлози, пратеници од мнозинството ги одбија во изминативе денови.
– Но, еве уште една можност власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани, рече Стојановски.
Опозицискиот пратеник најави „жестока дискусија и аргументирана расправа“ од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за одбрана на интересите и потребите на студентите“.
– Власта барем денеска, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денеска, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни, рече Стојаноски.
Ново на Сител
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
-

Дрејпер го елиминираше Ѓоковиќ и ќе се соочи со Медведев во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс
-

Пет победи за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија
-

На ФФОСЗ промовирана нова современа дијагностичка опрема за тестирање на спортисти
-

Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување
-

Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
-

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении
