ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе овозможи просечна плата од 750 евра
Концептот Македонија на сите луѓе е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Овој концепт нуди просечна плата од 750 евра, односно 45 илјади денари. Тоа е можно со посветена работа, реален раст на економијата и привлекување на што е можно повеќе инвестиции во Македонија. Впрочем Македонија во моментот е на дното по странски директни инвестиции во регионот, 5 до 15 пати помалку во споредба со Албанија и Србија.
Дополнително ќе се отвори можност за инвестиции во новите технологии и дигитализацијата, и на тој начин Македонија ќе може да има поголем и забрзан економски раст. Новото време нуди нови можности и секоја сериозна држава е должна да биде во чекор со процесите, бидејќи така ќе овозможи напредок и подобар живот за своите граѓани.
Мафијата на власт поради нејзината корумпираност и криминал ја разјадува економијата и не дозволува сериозен раст на економскиот живот во македонија. Целта им е јасна, Македонија да ја остават во сиромаштија, граѓаните да ги доведат до гола егзистенција, за да можат со трошките кои ќе ги фрлаат да го манипулираат народот и да го владеат.
Затоа создаваат поделби, а како резултат на таквите поделби имаме мала елита која се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое живее во сиромаштија. Концептот македонија за сите луѓе нуди просперитет и можности за секој, повисоки плати и поголем стандард.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него
-
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешувањето на Љупчо Коцевски
-
Дурмиши: Секој има право на протест, но местото за повисок минималц не е на улица
-
Филипче ги поддржува барањата на ССМ за 500 евра минималец, негира дека стои зад протестите
-
Преглед на вестите од светот
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни