ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не демантира, дали уставните измени, опфаќаат бинационална држава?
Ковачевски се уште молчи и не ги демантира информациите, дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава.
Нема демант дали Ковачевски и Ахмети договараат редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава, во која ќе постојат два народи, неколку етнички заедници, кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато, кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис, да бидат малцинство.
Јасна е концесијата која Ковачевски ја има кон ДУИ, од каде добива финансиски надокнади, но треба да издржи уште само неколку месеци, да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет.
Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава и ќе направи се, за да го поврати продадениот македонски идентитет од страна на СДС и ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот