Македонија
20. November 2023 - 9:51

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со денови тера винска екскурзија во Белград на сметка на граѓаните

Ковачевски со денови тера винска екскурзија во Белград на сметка на граѓаните, празни шишиња со вина, пие и пее по кафани. Како сите работи да му се средени во државата, а не дека цела Македонија е во хаос.

Во Македонија пензионерите се на улица, протестираат здравствените работници, нема учебници во училиштата, нема ниту еден функционален воз и железничка линија, нема лекови по аптеките, тешки криминали се случуваат на клиниката за Онкологија, се случува распад на правосудниот систем, по улици и по молови се случуваат мафијашки престрелки сред бел ден... се неуспех до неуспех на оваа влада, а Ковачевски лумпува и се забавува окезен од шестка до шестка.

Едноставно се однесува како да не е премиер на државата со најнизок раст на БДП во регионот. Како да не е прв човек на владата која галопирачки ги задолжува наредните поколенија. СЕ радува како да не му се случува рекордна инфлација поради која стандардот пропаѓа. Дури 46% се поскапени основните трошоци за граѓаните, тројно повеќе отколку во Европа. Бројот на граѓани кои се на работ на сиромаштијата достигнува до 600 илјади, од кои 80 илјади живеат во екстремна сиромаштија. Нивото на странски инвестиции е најниско на цел Балкан, но ништо од ова не го спречува Ковачевски  да лока ко да нема утре.

Оваа опиеност на Ковачевски ќе заврши на избори. Таму ќе му се случи отрезнување какво што не може ни да замисли.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ