ВМРО-ДПМНЕ: Лагите нема даму помогнат на Заев
Со пласирањето на лаги Васко Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
- СДС е под огромен притисок и уцена да ја реализира тиранската платформа. Криминогеното раководство на СДС знае дека ќе заврши во затвор за сторените криминали, доколку не се дограби до власт макар и по цена на жртвување на највисоките државни и национални интереси. Затоа за жал, Васко Ковачевски денес мораше да се бламира себе си со пласирање на клевети само за да ги прикрие криминалите на Зоран Заев и неговото злосторничко здружување односно фирмите околу неговата нарко мафија кои му помагаат на СДС, рече Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција.
Нагласи дека ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат било каква поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата за која што денес се зборуваше дека добила тендерот.
Ново на Сител
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски