ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната
Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува и новиот извештај на Светска Банка според кој Македонија е во првите десет земји во светот кои имаат највисока реална инфлација во храна.
Оваа стапка се пресметува како инфлација на цените на храната минус вкупната инфлација и резултатите се поразителни. Од Европските земји пред нас е само Унгарија, а со Турција ја делиме позицијата. Други европски земји нема, туку сите останати се од Африка.
Катастрофални параметри измерил и Државниот завод за статистика во октомври, според кој цените за храна во октомври се повисоки за 32,4%. Но ако се земе предвид поскапувањето на основните намирници за над 50%, тогаш осиромашувањето на народот е далеку поголемо. Народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува.
Владата на Ковачевски не направи ништо ова да го спречи. Напротив тие времето го трошат на тендери и лично богатење додека народот се соочува со рекордни стапки на инфлација кои се едни од највисоките во Европа и светот. Цените беснеат, долгот забрзано расте, енергетската криза станува се поголема, а Македонија со Ковачевски како по правило секогаш има најлоши параметри во споредба со другите земји.
Оваа неспосбна и криминална власт мора да замине. Народот премногу скапо ја плаќа нивната неодговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената