ВМРО-ДПМНЕ: Матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината
Учениците - матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое не целосно ги подржува нивните барања. Учениците покажаа зрелост која што недостасува кај ресорниот министер.
Покрај тешкотиите во школувањето во период на КОВИД19 пандемија матурантите се соочија и со психолошки проблеми, губитоци на финансии во семејството и губитоци на животи. При тоа се соочија и со бесчувствителниот тврд став на ресорната министерка Мила Царовска, која не покажа воопшто разбирање за нив. Дополнително, учениците - матуранти беа изложени на постојан притисок од директорите од училиштата поставени повторно од власта. Матурантите протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај, сепак Владата да попушти- но не докрај да ја испочитува нивната волја.
ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на учениците - матуранти за постигнување компромисен договор за начинот за полагање на матурата, иако нагласуваме дека како министер кој што дал ветување, Мила Царовска можеше и мораше да ги послуша токму учениците кои што покажаа интегритет, упорност , но и способност за организирање преговори.
Владата на СДСМ ја покажа нејзината неспособност, но покажа и силен предзнак за нејзиниот пад.
ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега силно ги подржува учениците, со цел успешен премин во следните фази на нивното школување или вклучување во пазарот на труд. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ги почитува младите луѓе и во нив гледа иден партнер во решавањето на младинските, но и сите проблеми во општеството.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината