ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев е спасен од кривична одговорност за личните карти
Откако СДСМ е на власт граѓаните се блокирани на секое поле. Поради неспособноста на власта единствено граѓаните страдаат.
А, со вчерашната одлука на Владата единствено миленикот на Заев, Оливер Спасовски е спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта.
Миленикот на Зоран Заев, Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски.
Откако Македонија е независна никогаш не се случило системот да не функционира, но со неспособноста на власта на Заев и тоа се случи.
На 17-ти октомври ќе започне крајот на локалните шерифи, функционери од типот на Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%