ВМРО-ДПМНЕ: Младите нема да наседнат на лагите и манипулациите на Заев
Смешно е да се слуша како измамникот Заев се фали пред младите дека му постилаат црвен тепих на дипломатски посети. Бидејќи тој и неговиот кабинет не ги распознаваат знамињата на Австрија и Литвија, па не се знае дали знае или не дека црвениот тепих е дел од дипломатски протокол кога официјален државен претставник оди во официјална посета на друга држава.
Не е јасно кога Заев им вели на младите дека докажуваме дека сме европејци на што мисли!? Дали свесно лаже и ги заборава криминалот, корупцијата и рекетот од над 20 милиони евра, за кој се уште нема одговорност, зошто во истиот е вмешана највисоката власт!?
Европејците за кои Заев зборува не крадат и не лажат како него.
Во Македонија на чело со Заев, не ферментира дебатата, туку криминалот кој блеска.
Добро би било наместо да шпарта попреку и правично, како што вели да го ослободи судството од влијанието врз него, да ја деполитизира администрацијата и во овие два месеци кои му остануваат да направи нешто добро за Македонија.
Младите нема да наседнат на лагите и манипулациите на Пинокио Заев, бидејќи три години откако Заев е на власт, Македонија е земја со најголема стапка на младинска невработеност во Европа и земја од која во изминативе три години се заминуваат повеќе луѓе од било кога до сега.
Срамота е Заев да се фали со грантовите на Фондот за иновации, кога парите наместо кај младите претприемачи и иноватори завршија кај роднините на неговите функционери.
Заев три години ја раскрчмува државата. Криминалот, корупцијата и рекетот се трите работи за кои Заев е специјалист.
Времето на криминалот мора да заврши. Доаѓа 12 април. Доаѓа време за одговорност.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка