ВМРО-ДПМНЕ: На непочната градба на автопати, државата ќе плати 300 милиони евра
На непочната градба на автопати, државата ќе плати 300 милиони евра, затоа што тоа го договориле криминалците Груби и Ковачевски. До почетокот на месец мај од буџетот на Македонија, од парите на граѓаните, по основ на авансно плаќање и пенали ќе се одлеат во приватниот конзорциум стотици милиони евра, затоа што тоа им го дозволиле Груби и Ковачевски.
Според Договорот потпишан на 8 март, во рок од 45 дена на Бехтел и Енка треба да и се исплатат 50 милиони евра како аванс, 117 милиони евра за подготовка на градилишта и околу 53 милиони евра за пенали затоа што не се изменети законските одредби, вклучително и тоа што не е воведена 60 часовна работна недела. Но тоа не е се. Крими дуото Ковачевски и Груби прифатило да се пролонгира изградбата за МИНИМУМ 6 дополнителни месеци а во тие 63 вкупни месеци за реализација на проектот да се исплаќаат и дополнителни казнени 1,2 милиони евра месечно во капиталните трошоци ( за целиот период на градба тоа се минимум 80 милиони евра плус трошоци).
Ова е само еден штетен аспект на договорот кој власта упорно го крие. Но тоа што не ги демантира податоците кои ги објавуваме врз основа на документот што ни го испрати свиркач, тогаш тоа значи дека сето тоа е точно. Овие 300 милиони евра штета по буџетот се само врвот од сантата мраз. Ковачевски и Груби за ова мора дебело да одговараат.
Приватна компанија разбирливо е да бара поволни услови за максимализирање на својот профит, но не е јасно како нашата влада не ги штитела интересите на граѓаните и буџетот на Македонија, за што впрочем се платени од народот. Со ова тие предизвикале штети по буџетот од стотици милиони евра и за тоа мора да одговараат. Груби треба убаво да пресмета колку доживотни робии има во оваа штета од стотици милиони евра, за него, за Ковачевски и за целата екипа вмешана во оваа пљачка.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години