ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да го подобри здравството како што ветуваше, СДСМ го урниса
СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија. Во изминативе две години откако е СДСМ на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо да го подобри здравството како што ветуваше, СДСМ го урниса. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии. Додека кај нас се јавуваат епидемии на искоренети болести, СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт. СДСМ наместо да воведе бесплатно здравство како што ветуваше, воведува приватизација или централизација на здравствени услуги, што ќе значи дополнителен удар врз џебот на граѓаните, а покрај тоа ќе биде на штета и на голем број здравствени работници. Таков удар на товар на граѓаните е и матниот и сомнителен тендер за стерилизација, вреден 13.700.000 евра, кој е сличен на тендерот за реагенси кој пропадна и кој беше вреден 35 милиони евра,
Од партијата додаваат дека СДСМ и Филипче воведуваат монопол на стерилизацијата во здравството и сега наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, една фирма ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата.
-Ваквата централизација на стерилизацијата не само што може да ја зголеми цената за стерилизација за над 5 пати, туку на улица може да останат стотици вработени од постоечките служби за стерилизација. Со ваквите потези на СДСМ многу е веројатно дека здравството наскоро ќе стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани нема да може да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги. СДСМ уште еднаш покажува дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати. Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт. СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство, а не такво кое секојдневно се повеќе тоне. Затоа СДСМ и Филипче мора веднаш да си заминат, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
-

Во април расчистени 2.750 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
