ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да набави вакцини, на Филипче полесно му е да прогласи полициски час
Дека Венко Филипче не знае како да го организира здравствениот систем се гледа уште од минатата година кога во Македонија се регистрираше првиот случај на корона.
Ниту организација на системот, ниту лекови, ниту кревети, се од ова требаше да среди, ама не направи ништо.
А со вакцините доцни, а поради тоа умираат луѓе!
Ама затоа од рака му оди да се согласи со кризна состојба, со полициски час.
Наједноставен начин му е тоа.
Ама зошто го прави сега кога епидемиолошката состојба се влоши пред две недели?
Затоа што не знае или се прави дека не знае дека треба засилена контрола на работни простории, како и засилена контрола на отворени места, како парковите, места каде се групираат младите и повеќето луѓе, во текот на цел ден, како и навечер.
Затоа што не знае да обезбеди вакцини.
Затоа што нема слух за барањата за локалните власти, а треба затоа што секоја општина е своја приказна.
Затоа што не знае дека треба задолжителна изолација, карантин за лицата кои се вратени од земји во светот каде епидемијата е вон контрола.
Ама затоа знае да мести тендери за клинички, за стерилизација и уште што не.
Одговорност за сето ова мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија