ВМРО-ДПМНЕ: Ниту премиерот има храброст да истражи милионски скандал
Ислам Абази и Љубомир Јовевски молчат за скандалот со изнајмувањето на простор од страна на државната Лотарија од компанија ХЕЈ, формирана пред неколку месеци, под крајно сомнителни услови. Оваа компанија е тесно поврзана со Артан Груби и кланот Зајас. Причината за молкот на првите луѓе на институциите на прогонот е јасна, на едниот на глава му се качени пола раководство на ДУИ, а другиот е седнат во скутот на власта.
Затоа при очи се прават слепи пред школскиот пример за корупција и криминал. Државната лотарија која е предводена од поранешниот шеф на кабинетот на Артан Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила деловен простор по 21 илјада евра месечно или за десет години 2,6 милиони евра од компанија каде еден од членовите на УО на Државна Лотарија е ангажиран. Зад компанијата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати милионски тендер, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас.
Груби и ДУИ се извор на коруптивни скандали. Но најстрашно од се е што органите на прогонот воопшто не ги ни истражуваат, а уште помалку ги санкционираат. Ниту премиерот има храброст да го истражи овој милионски скандал. Ковачевски, како и Абази и Јовески, има слика, тон нема. Ова мора да престане. Оваа корумпирана власт која се богати со народните пари мора да си замине, а потоа да одговара за секој проневерен денар.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка