ВМРО-ДПМНЕ: Нов ценовен шок, поскапуваат основните прехранбени продукти зошто владата не ги продолжи мерките
Од денес граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Од денес цените на производите на основните прехранбени продукти се поскапи затоа што Владата не го продолжи рокот на траење на одлуката за 0% ДДВ за основните прехранбени производи во време на огромно поскапување на цените и двоцифрена инфлација. Патем кај нас стапката на инфлација е една од највисоките во Европа.
За кратко време сите основни потреби на граѓаните поскапеа од 50 до 100% и сега новото покачување уште повеќе ќе ги истенчи семејните буџети. Маслото за јадење е поскапено за 100%, исто колку и лебот, шеќерот и брашното. Народот гладува, а власта нема идеа и план што да направи. Платите се целосно обезвреднети. Тоа што можеше да се купи во месецот со една плата, сега не може ни со две плати да се покрие.
Апелираме до власта да го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ослободување од ДДВ до 31 декември 2022 година на производите за човечка исхрана. Вака барем малку ќе им се помогне на семејствата во кризата која ескалираше поради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите