ВМРО-ДПМНЕ: Новата боемска улица на Жерновски чини 710.000 евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на работењето на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за уредувањето на боемските улици и нивната вредност.
- Граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со неисчистените улици од снегот и мразот, но Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
За секој метар од оваа боемска улица, според Ристевски, Жерновски платил по 2.629 евра.
- Неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку три градинки во општина Центар, рече Ристевски.
Според јавната набавка која ја склучила општина Центар, како што кажа тој, проценетата вредност на договорот била 39.661.017 денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или четири милиони денари повеќе.
- Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни каде се потрошени тие четири милиони денари. За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, рече Ристевски кој исто така бара одговор колку чинеше отворањето на улицата.
Ристевски тврди дека двете боемски улици во општина Центар чинат повеќе од 1.2 милиони евра пари на граѓаните на општина Центар.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет