ВМРО-ДПМНЕ: Обновата на Македонија ќе дојде заедно со квалитетот и професионалноста
Зоран Заев и СДСМ расипнички ги трошеа парите на граѓаните третирајќи го буџетот и институциите како приватна и партиска сопственост.
Зоран Заев и неговата влада блескаа само во криминалот и во исполнувањето на партиските списоци и непотизмот во вработувањата. СДСМ брза да си ги вработи ќерките и синовите, братучедите и децата на функционерите, не гледајќи колку тоа ќе го оптовари буџетот.
За Дамјан Манчевски и СДСМ само пред избори беа важни квалитетот и професионалноста на администрацијата. После изборите стана јасно дека реформата на администрација која ја ветија пред македонските граѓани беше уште една лага.
СДСМ нема каде да го крие недомаќинското работење затоа што објавените огласи за над 4.420 вработувања во последните два месеци се факт. Манчевски знаел дека ќе следи техничка влада па побрзал со целосно партизирање на институциите со нови вработувања директно од Бихаќка.
Граѓаните треба да знаат дека само овие нововработени, ќе ги чинат 62 милиони денари секој месец. Непотизмот блеска, а блеска и непрофесионалноста по цена на квалитетот.
Заев и СДСМ успеаја во овие две ипол години на власт да изградат систем само за партиските кадри.
Власта во заминување се обидува да купи некој глас повеќе во замена за работно место правејќи непоправливи штети.
На ова неработење и партизирање на системот ќе му дојде крај по 12-ти април. Обновата на Македонија ќе дојде заедно со квалитетот и професионалноста, наспроти непотизмот и вработувањата со поткуп што зад себе ги остава СДСМ.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера