ВМРО-ДПМНЕ: Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра на луксуз
Од 1 ноември до сега Ковачевски потроши 2 милиони евра на луксуз, затоа и не сака да прифати намалување на акцизата на горивата за 50%.
За само година ипол цените на горивата се зголемија за скоро 100%. Откако е СДСМ на власт акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари. Тоа се пари кои одат на сметка на буџетот. Доколку СДСМ и ДУИ го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на 50% на акцизата, буквално ќе се анулираше покачувањето кое е резултат на владеењето на СДСМ.
СДСМ и ДУИ не ја намалуваат акцизата затоа што не се откажуваат од полнење на буџетот.
Само за 5 месеци владата потроши 2 милиони евра за непродуктивни трошоци. Тие потрошија 250.000 евра или 15.400.000 денари за набавка на мебел во министерството за внатрешни работи.
СДСМ и ДУИ не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да трошат пари на луксуз. Само за кафе владата ќе потроши 3 милиони денари.
Ковачевски да не брка дневен популизам, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори