ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Ние кавадарчани веќе еднаш кажавме дека не се согласуваме со погубните и катастрофални политики на СДСМ и Заев
Република Македонија е заробена од Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт. Државата со Заев го достигна дното на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан, а Заев ја понижува државата како на домашен така и на меѓународен план, а македонскиот идендитет доведен во прашање, ова го потенцира Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци.
-Заев за една година успеа да уништи се што се градело со векови. Тој бесрамно потпиша договор за промена на уставното име на Република Македонија а со истиот успеа трајно да ги загрози македонските национални и државните интереси. Наместо живот кој што го ветуваше, наместо зголемени субвенции за земјоделците, младинска гаранција за младите, плати од 500 евра, зголемен животен стандард за граѓаните, проекти, реформи и реализација на ветеното, Заев донесе чемер и јад. Владата на СДСМ е ненадомеслива штета за кавадарчани, затоа мора да замине. Заев ниту знае ниту умее да работи. Заев не води грижа за потребите на граѓаните, а тие тоа го чувствуваат на своја кожа. Граѓаните никогаш порано не живееле полошо од сега. Граѓаните се чувствуваат понижени продадени и несигурни. Наместо Заев и СДСМ да работат за потребите и решавање на проблемите на граѓаните, тие работата единствено на личното богатење и луксузирање, истакнува Јованчев.
Тој додава дека време е да кажеме сите заедно доста е. Ова мора да запри. А ние тоа го можеме. Ние кавадарчани еднаш кажавме дека не се сложуваме со погубните и катастрофални политиките на Заев и на СДСМ.
-Кавадарчани заслужуваат разбирање за нивните ставови и спроведување на нивната волја. Кавадарчани заслужуваат да живеат во подобро. Ние можеме, ние мораме заедно да го спречиме осиромашувањето, беспреспективноста и уништувањето на државата. Затоа ги повикувам сите кавадарчани, без разлика на политичката припадност, сите заедно сплотени, рамо до рамо, да дадеме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски и масовно да излеземе во недела во 13 часот на мирен протестен марш во Кавадарци, кој ќе започне од кружниот тек Сашко Гешковски до спомен плочата и паметникот посветен на формирање на првиот комитет на ВМРО и заедно да им порачаме дека Македонија мора да оди напред и граѓаните заслужуваат подобро. ВМРО-ДПМНЕ знае како. ВМРО-ДПМНЕ има проекти и секогаш се води од работата и потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против ова зло во кое што живее секој еден граѓанин! Македонија се буди, Македонија ќе победи, придружете ни се!, додава Јованчев.
Ново на Сител
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница