ВМРО-ДПМНЕ: Почнува акцијата „Ова е Македонија за сите“ – овој викенд 19 тимови ќе посетат над 100 населени места

Почнува акцијата „Ова е Македонија за сите“ – овој викенд 19 тимови ќе посетат над 100 населени места во Македонија
Почнувајќи со овој викенд ВМРО-ДПМНЕ почнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни. Овој викенд 19 тимови ќе посетат над 100 населени места во Република Македонија и ќе остварат средби со граѓани без разлика на нивната политичка, етничка и верска припадност. Целта на средбите е да се запознаат граѓаните со активностите на партијата од една страна, но и да се слушнат проблемите на граѓаните и заедно да изнајдеме начини на нивно решавање.
Целта на акцијат„Ова е Македонија за сите“ е да ги обединиме луѓето околу принципите на заедничкиот патриотизам, околу промени кои насушно и требаат на државата и потребата од заедничка борба за подобра иднина. Сето ова е спротивност и одговор на понудата на власта на СДС и ДУИ која Македонија ја носи во беда, понижувања, сиромаштија и иселување. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на работа, вредности и идеал за напредна Македонија. Тоа ќе го постигнеме заедно со народот, затоа што ние народот го почитуваме и народот е клучен фактор во Македонија кој знае да процени што е добро, а што лошо за него и за државата.
Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во акцијата и да придонесат со својата идеа, мислење или да лоцираат проблем и предизвик, кои потоа заедно ќе ги решаваме со цел да ја обновиме Македонија од катастрофата во која СДС и ДУИ ја доведоа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
