ВМРО-ДПМНЕ подготвува документ за излез од политичката криза
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното интервју за телевизија Канал 5 најави дека подготвуваат документ за излез од политичката криза.
Тој очекува документот да биде готов следната недела и да им биде даден на разгледување на сите поголеми политички партии.
- Документот ќе понуди начин за излез од сегашната криза. Тој никого не фаворизира, ниту како политичка партија, ниту како етничка заедница. Со неговото прифаќање од страна на политичките партии треба да се излезе од политичката криза, но притоа да се задржи унитарноста и да не се оди кон урнисување на државата којашто тешко ја добивме, истакна Груевски.
Осврнувајќи се на тоа што според ВМРО-ДПМНЕ е решение за излез од кризата, Груевски повтори дека потребни се брзи предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори.
- На една од анкетите што ги направивме над 70 проценти од граѓаните со македонска националност ценат дека треба да се оди на предвремени брзи избори, а само 12 - 13 проценти се против тоа. Тоа значи дека и многу од луѓето што го поддржуваат СДСМ се за предвремени избори. Тогаш Зоран Заев нека ја претстави платформата за бинационалност и федерализација. Нека излезе и нека им каже на граѓаните и ако му дадат поддршка, тогаш во ред, рече Груевски.
Посочи дека исто така му понудиле на СДСМ да добие поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за формирањето на новата влада само доколку се откаже од тиранската платформа.
- Му нудиме сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ да гласаат за неговата влада. Сите министри во владата да бидат од СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ да одат во опозиција. Иако имаме многу забелешки на нивната програма и мислиме дека таа ништо добро нема да и донесе на Македонија, сепак тоа би го направиле за да се спречи разнебитувањето на Македонија, воведувањето на бинационалноста и решение за името по грчки терк, нагласи Груевски, додавајќи дека се подготвени како партија и за политички прогон.
Нека удри по нас, рече Груевски, но нека ја остави Македонија.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион