ВМРО-ДПМНЕ: Поради кризата се затворија 6.200 фирми, а 55.000 луѓе ја загубија работата

6200 фирми затворија за една година. Лошите економски политики и слабите и неразвојни мерки ја опустошија економијата, а фирмата на братот на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2100%.
55.000 луѓе ја загубиле својата работа, а фирмата на братот на Николовски бележи вртоглави профити како да ја измислила вакцината против КОВИД 19.
Како е можно во време на пандемија фирмата на Николовски да бележи раст на профитот од 2100%. Дали овие вртоглави суми се постигнати преку зделки со државата или други компании кои мораат да работат со фирмата на братот на вицепремиерот?!
Дали зад големите профити се крие корупција, во која е вмешан човекот со функција против корупцијата?!
Љупчо Николовски молчи и се крие за фирмата на братот, а јавноста чека одговори.
И додека фирмите на граѓаните пропаѓаат, а десетици илјади ги губат своите работни места СДСМ создава втор клан, после кланот Заеви го имаме кланот Николовски.
На мафијашкото работење насокоро му доаѓа крај.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
