ВМРО-ДПМНЕ: Поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење
Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%.
Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;
-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;
-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.
Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?
Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
