ВМРО-ДПМНЕ: Реализиравме проекти за добробит на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека во изминатиот период реализирале низа проекти коишто ги ветиле пред граѓаните, додека единствената цел на СДСМ е разнебитување на државата и поткопување на уставниот поредок.
Во соопштението се посочува дека денес свечено ќе биде отворен новиот објект на Македонската филхармонија, потпишан е договор за нов Клинички центар и оти во тек е изградбата на автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и реконструкцијата на патот Велес – Штип и автопатот Скопје – Куманово.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека денововиве почнала и исплатата на земјоделските субвенции и оти во изминатите 10 години е помогнато земјоделството со над една милијарда евра субвенции.
- ВМРО-ДПМНЕ и понатака ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните национални, граѓански и локални интереси. Разликите помеѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС се дијаметрални и евидентни. Затоа СДС и Зоран Заев на наредните избори ќе доживеат катастрофален пораз, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
