ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола во моментов нема енергија ниту за сопствено одржување
![]()
Ова е моментот кога откажуваат двата блока во РЕК Битола. Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт. Најголемиот енергетски капацитет во моментов нема енергија ниту за сопствено одржување!
Тоа се СДСМ и Зоран Заев! Секој изминат ден со нив значи дополнителна штета за државата.
Криминогената и неспособна власт ги чини државата и граѓаните пари. Денеска надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола. Државата е принудена да увезува струја, наместо да ја произведува сама.
Во исто време надвор од употреба се ставени блоковите 1 и 3, додека блок 2 е во ремонт.
Само до рестартирање на блок 1, државата ќе треба да увезе 2.000 мегават часа струја, односно да плати над 100.000 евра на име увоз на струја. Штетите кои ќе ги претрпи државата до вклучување на блок 2 ќе бидат уште поголеми.
Ова е едно од редицата исклучување на блоковите во РЕК Битола. Нејасно е дали блоковите испаѓаат од употреба поради неспособноста на власта или поради криминогеноста и желбата да се направи профит за некоја фирма увозник на струја.
Зоран Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари за фирмите блиски до СДСМ.
Криминалот и злоупотребата на РЕК Битола за лично богатење наскоро ќе заврши. СДСМ оди во опозиција и следува обнова на Македонија
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
