ВМРО-ДПМНЕ: СДС без реакција за изјавата на Дудуш
ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите, како што се наведува во соопштението, општествени чинители и меѓународните претставници во Република Македонија да го осуди чинот на партизација на државата потсетувајќи на снимката на пратеникот Курто Дудуш од СДСМ во која се гледа дека тој ветува амнестија за сторен криминал за граѓаните кои поседуваат членска книшка од СДСM.
За случајот, како што се наведува, кој беше пред 20 дена, се уште нема реакција и осуда од партијата на власт.
- Скандал од невидени размери и срам за целиот демократски свет е пратеник од владејачка партија да ветува неказнивост при сторен прекршок или криминал, привилегии на лекар и добивање социјална помош за граѓаните кои поседуваат членска книшка на политичка партија, се посочува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, како што стои, нема да дозволи Република Македонија од демократска држава да се претвори во приватна сопственост на СДСМ. - Граѓаните заслужуваат еднакви можности за живот и успех. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДС да ја претвори државата во Северна Кореја, стои во текстот.
Од партијата потсетуваат дека премиерот Зоран Заев во предизборието зборуваше за еднаквост помеѓу граѓаните.
Ново на Сител
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците
-
Поевтинуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Пендаровски се свртеа против САД
-
Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење
-
Приведени две лица во Кичево и Штип за безобѕирно управување со моторно возило