ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев се свесни дека нема да добијат поддршка на локалните избори
Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев се свесни дека на локалните избори на 15 октомври нема да ја добијат поддршката од граѓаните.
СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци.
Наместо програма, проекти и решенија главниот адут на СДС и Заев се криминалците и прекршителите на законите кои ќе бидат ставени во погон на претстојните локални избори.
Во исто време додека го ослободија Бајруш поради цитираме „здравствени причини“, тој од кафеана насмеан го поздравува Заев. Ова е порака дека криминалците кои ги штити СДС се над законот. Ова е изигрување на правдат.
Ваквиот потег значи дека за СДС и Заев не се сите еднакви пред законот. Ова значи дека тие ги делат луѓето на оние кои се за СДС и за кои не важат законите и на другата страна сите останати. Заев ослободува познати криминалци кои треба да одработуваат за него на наредните избори.
Со пуштање на Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу на слобода СДС и Зоран Заев станаа синоним за бандитизам, криминал и насилство.
Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат ова расипничко и криминално владеење на Зоран Заев и СДС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
-
Велешанец фатен како продава марихуана на малолетник
-
Паднал од мотор во обид да избегне судир со „пежо“
-
Настрада пешак по судар на автомобил и автобус во Скопје
-
До сабота топло, од недела пад на температурата
-
Таравари: „Ситни проблеми“ во коалицијата
-
СДСМ: Нема да се потрошат 100 милиони евра во општините оваа година
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ неосновано поделиле 100 милиони евра