ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи спротивно на волјата на народот
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека спротивно од волјата на народот, Уставот, законите и Деловникот, СДСМ се обидела нелегално да избере претседател на Собрание на Република Македонија.
- Нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во неговиот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата партија. Нелегалниот претседател на Собранието најави дека седниците ќе ги води на албански јазик, со тоа што Собранието на Република Македонија ќе стане трет парламент во регионот каде седниците ќе се водат на албански јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова, велат од партијата, е надвор од Охридскиот Рамковен договор каде што, како што додаваат, јасно се наведува дека пратениците можат да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20 проценти од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција на претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен и официјален јазик е македонски.
- Молкот на СДС е доказ дека започнува реализацијата на неуставната тиранска платформа. Оваа платформа започна да се реализира иако народот е против неа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра