ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на власт и има одговорност за државата и економијата
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ е на власт и ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не, како што е посочено, преку празни и бледи прес-конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа секакви оправдувања за да не ги оствари дадените ветувањата пред македонските граѓани.
- СДС десет години ги манипулираше граѓаните и ја критикуваше предходната влада дека се претерува со задолжувањата, а сега за помалку од два месеци ја задолжија државата за 70-тина милиони евра, а во ребалансот на буџетот предвидуваат зголемување на задолжувањето на државата за 150 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, се додава во соопштението, очекуваат СДСМ да почне да работи нешто наместо да ги покрива штетите од недомаќинскиот ребаланс со измислици и напади врз ВМРО-ДПМНЕ.
- Во целата кампања која што ја водеше СДС се говореше и ветуваше едно, а сега се прави спротивното. Конфузниот Тевдовски самиот себе се демантира и додека говори за презадолженост на државата, издава нови обврзници и дополнително ја задолжува. Од негова рака е потпишан, долг од речиси 4,5 милијарди денари кој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена. Граѓаните не треба да плаќаат за вработување на вандалите од таканаречената шарена револуција, ниту за роднините на партиските послушници на Заев, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“