ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е промотор и синоним на криминалот
СДСМ е промотор, заштитник и синоним на криминалот, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
- Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин. Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која го затрупувале Скопје со дрога. Од таа дрога децата во Скопје се труеле, а луѓето на Заев се богателе, рече на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски.
Претходно, рече тој, Заев и неговиот технички министер се шетале и се сликале со лице од Ѓорче Петров осомничено за убиство во обид, кое се бара со потерница, а во својот кабинет Заев се среќавал со блискиот пријател и соработник Захир Бекири Чауш.
- Целата јавност виде кој управувал со Фабриката за афери на СДСМ и кој ги продуцирал лагите за двојни лични карти. Сега Чауш е во Идризово на издржување казна затвор. Криминалци како Харун Хаџибулиќ беа во најблиското опкружување на Зоран Заев на митинзите на СДСМ. Сега и тој е во бегство и се крие од органите на прогон. На криминалците местото им е зад решетки. На криминалци не им е местото во политика, рече Ѓорѓиевски. хс/15:18
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога