ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствено што успеа е да ги покачи давачките и трошоците за живот на граѓаните
СДСМ ги лаже и манипулира граѓаните. Нема 500 евра плата и нема реален раст на платите. Единствено што успеа СДСМ е да ги покачи давачките и трошоците за живот на граѓаните. Стандардот на државата на чело со СДСМ е еден од најниските во регионот и Европа, а според последните истражувања Македонија е најсиромашна држава во Европа. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција. Со СДСМ на власт граѓаните не живеат туку преживуваат.
Во овие три години Зоран Заев и СДСМ ги разочараа граѓаните со своите секојдневни лаги за подобар живот. Секој трет граѓанин во државата има проблем да ги обезбеди основните егзистенцијални потреби. Младите се иселуваат заради безперспективност и огромна невработеност.Младинската невработеност во државата е една од најголемите во регионот додека во некои делови во државата младинската невработеност изнесува фрапантни 80 отсто.
Дека СДСМ не оствари ништо за граѓаните да живеат подобро говорат и истражувања кои кажуваат дека скоро 70 отсто од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата.
Заев и СДСМ мора да си заминат од политичката сцена во политичко минато за државата да тргне напред. Зоран Заев ги СДСМ единствено ги осиромашува граѓаните и ја уништува државата по сите основи. Затоа тие мора да си заминат за обновата да почне.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата