ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците
СДСМ отворено манипулира и ги лаже земјоделците.
Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само уште една лага во низата на лаги на СДСМ кон земјоделците, во ситуација кога владата на СДСМ и Зоран Заев драстично ја зголемија акцизата за нафта.
СДСМ води политика на кражба и лажење. Зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта.
СДСМ повторно ги изажеа земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста е сосема поинаква. СДСМ ја прави истата манипулација како минатата година, односно со предложениот буџет од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку.
Земјоделците едвај преживуваат. СДСМ донесе црнило и во земјоделието. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака.
Земјоделците се жртва на политичкото цунами на СДСМ.
СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците и затоа мора да замине.
Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа криминогена власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух