ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го правда криминалот и промената на името, со лажни заложби за ЕУ
Сегашноста е мачна, а иднината неизвесна со СДСМ на власт. Работниците работат по 12 часа за потпросечни плати, младите секој ден се со мисла да ја напуштат татковината, а невработените никако да добијат шанса.
Повеќе од година ипол откако СДСМ е на власт, државата не само што не тргна кон подобро, туку ситуацијата дополнително се влоши.
На власт се политичари и нивни ученици, кои во 90 - тите не убедуваа дека само да ја прифатиме привремената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, па да го смениме знамето, па Уставот, па да го прифатиме Рамковниот, па територијалната поделба, се прифативме и не само што не тргна на подобро, туку е полошо. Животите на генерации Mакедонци од 91 - та до денес поминаа во тага, безнадежност и безперспективност.
СДСМ е партијата која ги приреди сите понижувања на државата. СДСМ е повторно таа која сега неубедува дека ќе ни биде подобро, иако вршиме промена на името, идентитетот, историјата и културата на нацијата, нешто што е вековно обележје на суштествувањето на еден народ.
И додека штетните политики ги правдаат со декларативните заложби за ЕУ и НАТО интеграцијата на земјата, во реалноста прават невиден криминал, се делат милионски тендери на партиски луѓе, ќерка директор дава тендер на татко бизнисмен и што ли уште не. Народот пати и не гледа како со ваков криминал државата може воопшто да функционира, а не пак да влезе во ЕУ.
Овој договор е штетен и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, исто како што е штетно владеењето на СДСМ со Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има демократски став, кој остава на граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на референдумот. Граѓаните треба да имаат услови за непречено дејствување согласно нивната волја и убедување.
Ниту СДСМ ниту било кој смее да влијае на граѓаните. Овој хаос мора да запре. СДСМ мора да си замине.
Ново на Сител
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце