Македонија
12. July 2021 - 9:26

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата, ако се искрени кон Македонија

СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата, нема потреба од измени во текстот, ако се искрени кон Македонија.

Текстот на Резолуцијата е сублимат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Резолуцијата ги истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот.

Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада.

Ако СДСМ и ДУИ го имаат интересот на народот пред се нема зошто да не ја прифатат Резолуцијата.

Очекуваме да се надминат партиските интереси и сите да застанат зад интересот на државата.

Резолуцијата ќе биде национален став и како таква може само да ги зацврсти македонските позиции.

Апелираме да не се наоѓаат изговори и низ Собрание да се кочи Резолуцијата. Очекуваме одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ