ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема пратеници за уставни измени
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите пред днешната собраниска седница наведува дека СДСМ нема пратеници за уставни измени и уште еднаш повикуваат на предвремени парламентарни избори.
- Нека ги стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори. Власта цела година манипулира со бројки, а реалноста е дека, ако имаа 80 пратеника одамна ќе ги спроведоа уставните измени. Реалноста е дека нема ниту 70 пратеника кои ќе гласаат уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш децидно денес, како и многу пати до сега ќе го повтори својот став, дека уставни измени под овие околности и бугарски диктат нема да прифати. СДС да не ги малтретира граѓаните и државата и уште денес по неуспехот со уставните измени да се распушти Парламентот и да одиме на избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.