ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ смислува 1.000 начини за да не се соочи со народот
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираше на изјавата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски дека нема да се одржат изборите на 5 јуни, посочувајќи притоа дека таа е одраз на тонењето на оваа партија.
- Денешниот прес на Дамјан Манчевски е само потврда на последните анкети во кои се гледа дека СДСМ е во агонија и тоне се подлабоко. СДСМ нема никаква поддршка од граѓаните. Им останува само стравот и манипулациите со кои се обидуваат да избегаат од соочување со вистината. Криминалецот Зоран Заев го знае тоа и затоа Дамјан Манчевски мора да смислува 1.000 бесмислени причини како СДСМ да избега од избори и како да не се соочи со народот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во неа се додава дека вчера и членовите од СДСМ се потпишале на избирачкиот список, потврдувајќи, како што посочуваат од партијата, дека целата конструкција со измислени фантоми била само производ на Фабриката за афери на партнерите во криминал Заев и Чауш.
- Народот референдумски се спротиставува на деструктивната политика на СДСМ и обидот да се разнебити република Македонија. Народот е против идеите на раководството на СДСМ за премиер Албанец. Народот е против федерализацијата за која што разговарале криминалецот Зоран Заев и албанската дијаспора. Народот е против вандализирањето на македонските спомен обележја. Народот се крева против хулиганите кои ги понижуваат илинденците, асномците, децата бегалци и се она што е дел од нашата историја, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена