ВМРО-ДПМНЕ: СЈО не смее да се става над законот
СЈО не смее да се става над законот и да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Секој нов прогон и тормозење што ќе го врши врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност на вработените во ова обвинителство, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Како што изјави денеска Дарко Костовски, СЈО е партиска испостава на СДСМ, неговата работа е селективна, обвиненијата кои ги покренува се тендециозни и без аргументи, докази, факти, со политичка манипулација, води хајка против ВМРО-ДПМНЕ.
- СЈО има за цел да крева димни завеси секогаш кога нејзината матична партија и Зоран Заев прават пазари со националните и државните интереси. Во таа насока се и селективните и тендециозни обвиненија кои ги креираат за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Целта е елиминација или ослабување на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Гревот поради кој се води оваа хајка против ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не отстапуваме од одбрана на државните и национални интереси. Работата на СЈО нема никаква врска со правото, оцени Костовски во изјавата пред СЈО.
Според него, постапката на рушење на дивоградбата на Фијат Цаноски е законска, а СЈО со случајот ТНТ решава да ги исполни желбите на Заев и политички, без докази покренува обвинение.
- Беа направени дури три вештачења и сите три потврдија дека објектот е дивоградба и треба да се руши и дека е постапувано законски. Со цел да се направи политички спектакл, СЈО покрена обвинение за сосема законски случај. Целта не е правдата, туку нејзино гушење, потенцира Костовски.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот