ВМРО-ДПМНЕ: Со заканите за прекин на штрајкот се загрозува основното право загарантирано со Устав
Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозуваат нивно основно право загарантирано со Устав.
Правото на штрајк е загарантирано со Устав, а владата се однесува спротивно на тоа, како и со се што до сега правеше.
Заканите на Тренчевска дека ќе ги брка од работа оние кои ќе штрајкуваат е газење на авторитетот и достоинството на просветните работници.
Заканите и уцените од страна на владата се фијаско кое ќе остане црна дамка за власта која ќе се памети засекогаш. Понижувањето на наставниците нема да биде заборавено.
Просветниот кадар се наоѓа во нерамноправна и лоша позиција. Потребно е прифаќање на нивните барања и овозможување достоинствени услови за работа.
Владата ги притиска наставниците и не сака да ги реализира нивните барања, за да има повеќе пари во буџетот за тендери и матни зделки.
Додека наставниците работеа за мали плати Рашковски, Зекири, Дончев, Филипче вртеа милиони на матни тендери. Токму затоа владата не сака да им ги зголеми платите на наставниците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
