ВМРО-ДПМНЕ: Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагираа на усвоениот Закон за јазиците, за кој сега на потег е претседателот Иванов, кој може и да не го потпише истиот.
- „Граѓаните на Република Македонија вчера ја видоа сета деструкција на власта и антидржавните политики кои ги спроведуваат. Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност со кој што се редефинира државата. Истовремено ја задолжуваат Македонија за половина милијарда евра, пари кои ќе ги трошат за задоволување на мегаломанските потреби, велат од партијата.
Додаваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продава сопствената компанија на грчка фирма, додека Никола Димитров е на тајни преговори во Солун за промена на името. Паралелно владата одлучува ТАВ да не гради карго аеродром во Штип со кој што економски ќе заживееше цела источна Македонија и ќе се обезбедеше економски просперитет на подолг рок.
- Во вакви услови невини луѓе патриоти се носат со лисици пред суд, а потоа пред камери ги враќаа во притвор иако за тоа нема никаква основа. Македонската јавност ги слушна аргументите изложени од нивната одбрана и се увери дека овие луѓе не се терористи туку жртви на политички прогон. Апелациониот суд може да го запре процесот на агонија во кој запаѓа општеството и да го врати принципот на владеење на правото како императив во својата работа. Судот ја има шансата како контролор на законитоста да го издржи притисокот и во интерес на демократијата и иднината на земјата да одлучува единствено врз база на закон. Судството мора да биде институцијата која во овие тешки времиња за македонската демократија ќе биде стожерот на државата, стои во соопштението.
Судот ги има на увид сите докази и аргументи кои јасно и недвосмислено упатуваат на фактот дека делото тероризам за кое се товарат десетици македонски патриоти е чиста конструкција, која нема врска со правото. Судот ја има на увид и оценката на Народниот правобранител, кој јасно кажа дека се прекршени законите при приведување. Судот ги има на увид и фактите кои говорат дека правата на осомничените се ускратени и во истражниот затвор. Токму затоа треба да биде воден од совеста, да одлучува единствено врз база на закон. Правосудството мора да биде стожерот на државата, бидејќи институциите се целосно разнишани, а пракса стана законите да се кршат за потребите на власта. Демократијата е уништена. Со секој поминат ден Република Македонија е се подалеку од своите стратешки определби за членство во ЕУ и НАТО. Судот има шанса да застане во одбрана на правдата. Судот има обврска да застане во одбрана на аргументите. Само цврсто правосудство ќе создаде цврста држава. Неправедно притворените мора да бидат ослободени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
