ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да им се извини на граѓаните, на вработените во МВР и на германската компанија
Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и денеска одбегна да каже дали медиумите се во право со тврдењата поткрепени со докази дека ја измислил и фабрикувал аферата со обрасците за возачки дозволи, реагира ВМРо-ДПМНЕ по денешната изјава на Спасовски.
Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, единствено што направи Спасовски e бегањето од првичните тврдења дека открил сериозен меѓународен криминал преку кој можеле да се остварат милионски профити.
Според владејачката партија, Спасовски треба јавно да се извини и на вработените во МВР и на германската компанија и на граѓаните.
- Останува големиот срам кој Спасовски и СДСМ го нанесоа на Министерството за внатрешни работи, на Република Македонија уште еднаш на меѓународно ниво, како и срамот кој им го нанесоа на сите членови и поддржувачи на СДСМ за невиденото дно на кое падна нивната партија во време на ова раководство, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец