-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги занемари потребите на граѓаните
-->
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини новата Влада дека ги занемарила барањата и потребите на граѓаните во, како што наведува во соопштението, „трката за вдомување на своите партиски војници“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата за неполни три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии „расипнички истрошила над 300 милиони евра“.
Со тие пари, смета ВМРО-ДПМНЕ, можела да ги реконструира сите студентски домови и да изгради нови.
- Граѓаните буквално не видоа никаков бенефит од задолжувањето, СДС не реализираше ниту еден капитален проект со кој ќе го оправдаше ова задолжување. Граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници