ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев стана поим за партизација, непотизам и нечесно работење
Колку чини едно нарачано политичко обвинение?
Колку чини едно нарачано политичко барање за притвор или одземање на патна исправа?
Цената ја откри Зоран Заев. Цената е предлагање на сестра на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност.
Цената е вработување на нејзини внуци и роднини на нејзиниот тим во СЈО.
Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев стана поим за непотизам, партизација и нечесно работење. СДСМ ја киднапира Република Македонија и со неа се однесува како да е приватна фирма на Заеви.
Очигледно работењето на СЈО како партиска испостава на СДСМ и креирањето на монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Заев сега се наградува со доделување на високи функции на семејствата на обвинителите.
Со ваквата кадровска политика, Заев и Јанева ја ставаат под знак прашалник и независноста на работењето на Комисијата од хартии за вредност.
Никаде ги нема независноста и професионализацијата на институциите кои им ги ветуваа на граѓаните на Република Македонија. Наместо тоа државните институции станаа места за згрижување на луѓе блиски до картелот на власт.
Последниот период граѓаните беа сведоци како ќерката на Талат Џафери, синот на Мирослав Грчев и сопругот на Магдалена Несторовска ги вдомија во ЕЛЕМ, додека пак синот на Љубомир Фрчкоски стана втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор.
Игор Милев, поранешен член на ДИК од СДСМ се вработи како советник на директорот на Царинската Управа, а неговата сопруга беше избрана за судија во Апелационен Суд во Скопје иако беше трето рангирана.
Градоначалниците на СДСМ веднаш по преземањето на општините ја продолжија политиката на партизација и непотизам па така градоначалниците на Берово и Неготино си ги вработија своите сопруги како наставници.
Градоначалничката на Битола го вработи својот брат како наставник, додека пак градоначалникот на Прилеп исто така на државна сметка ги вработи неговиот зет и двете свои внуки, а нивниот пат го следат и директорите на останатите институции.
Додека СДСМ и Заев ги партизираат институциите, државата крахира, а граѓаните се повеќе осиромашуваат. Ова беззаконие мора да запре, криминалниот картел мора да си замине. Граѓаните и Република Македонија заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња