ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено
Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат. Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев и СДСМ излажаа кога на изборите во 2016-та година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта.
-Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци – Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае. Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија. Најавуваа градежен бум, а не направија ништо. Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало , а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев стане минато, толку подобро за државата и граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски