ВМРО-ДПМНЕ: Власта за три години не направи ништо за загадувањето на воздухот

Македонија се гуши. Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3.4 пати над нормалата.
Додека некој ги брои парите, некој ги брои болните.
Зоран Заев викаше ајро, ајро нема воздух. Дојде на власт, три години ништо не направи. Не само што нема воздух, и тој што го имаше го снема.
Дека главен загадувач се фабриките на олигарсите на Заев доказ се и мерењата на станиците кои покажуваат концентрација на ПМ10 честички во воздухот петнаесет пати над дозволеното во раните утрински часови. Кога нема возила, ниту пак чад од домаќинствата.
Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија.
Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, а ништо подобро не се ни Струмица, Куманово, Тетово, Битола и Кавадарци.
Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
